Избор Култура

Продолжен терминот на саемот на книгата во Охрид

Охрид, 8. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Големиот интерес наметна проширување на терминот на саемот на книгата во Охрид, кој се одржува од понеделникот во Прличевата одаја про библиотеката „Григор Прличев“.

Денеска и утре саемот ќе биде отворен од 10:00 до 18:00 часот, а љубителите на пишаниот збор ќе можат да го посетат и в сабота од 10:00 до 14:00 часот.

Саемот е организиран во соработка со издавачката куќа „Матица македонска“, а се нудат лектирни изданија и белетристика кои може да се купат со попуст и до 50 проценти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива