Избор Македонија

Ќе се укине додатокот за трето дете

Скопје, 8. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Укинување на додатокот за трето дете предвидуваат измените во Законот за заштита на децата објавени на страната на Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Законот треба да се разгледа на владина седница, по што треба да се даде на усвојување во Собранието.

Додатокот се укинува бидејќи мерката не дала позитивни ефекти врз зголемувањето на наталитетот, како што се очекуваше кога беше донесена во 2009 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо додатокот, со законските измени се предвидува еднократна помош за секое родено дете.

Прочитајте повеќе ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива