Избор Македонија

УЈП ќе им ја олесни регистрацијата на пензионерите

Скопје, 8. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Управата за јавни приходи (УЈП) најавува брзо законско решение што ќе содржи олеснителни околности за регистрација на пензионерите во Управата поради новиот концепт на Годишната даночна пријава.

– Наредниот период, за кратко време, ќе излеземе со законското решение што ќе се однесува на олеснителната околност на пензионерите кои остваруваат само приходи од пензија – изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање денеска на предавање во употреба на нов систем за проценка на ризик.

За проблемите што се јавуваат со системот за регистрација таа рече дека ги менаџираат секојдневно, но оти на корисниците им стојат на располагање шалтерите во УЈП во Скопје, како и телефонските линии со цел да се надминат проблемите.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива