Избор Општина Дебрца Охрид

Свечености по повод годишнината од формирањето на Првата Македонско-косовска ударна бригада и патронатот на ОУ „Дебрца”

Охрид, 9. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со полагање свежо цвеќе денес во селото Сливово ќе биде одбележана 75 годишнината од формирањето на Првата Македонско-Косовска ударна партизанска бригада.

За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата историски час ќе одржи Наце Иваноски. Ќе биде посетен спомен домот, отворена ликовната изложба во ОУ „Дебрца“ во Белчишта, а од 12:00 часот ќе започне и свечената програма по повод Патрониот празник на училиштето.

Првата Македонско-косовска народно ослободителна ударна пролетерска бригада е формирана на 11 ноември 1943 година во селото Сливово, охридско. Бригадата броела околу 700 борци. Се состоела од борци на баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовско-метохиски баталјон „Рамиз Садику“ и вториот Косовско-метохиски баталјон „Боро Вукмировиќ“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива