Избор Струга

Јавна дебата за управување со човечки ресурси во единиците на локалната самоуправа во Струга

Струга, 9. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во хотелот „Дрим“ во Струга, денес ќе се одржи јавна дебата за управување со човечки ресурси во единиците на локалната самоуправа.

– На јавната дебата ќе бидат презентирани истражувањата на Центарот за управување со промени како резултат на следењето на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија. Фокус на настанот ќе бидат резултатите од следењето на локалните самоуправи во делот на управување со човечки ресурси во југозападниотрегион, кое беше спроведено од страна на граѓанските организации Центар на заедницата на општина Струга и Центар за одржлив развој на заедницата Дебар. На јавната дебата ќе земат учество претставници на единиците на локалната самоуправа во југозападниот регион, заедно со претставници на локални граѓански организации, информираат организаторите.

Јавната дебата е дел од проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“. Истиот се фокусира на воспоставување стандарди за добро управување во единиците на локалната самоуправа, преку прилагодување на одредниците на Европската Унија поставени во Начелата на јавната администрација изработени од СИГМА.

Врз основа на овие стандарди, локални граѓански организации вклучени во проектот ја следат работата на локалните самоуправи во 5 области: развој и координација на политиките и стратегиите, управување со човечки ресурси, транспарентност и отчетност, обезбедување услуги, и управување со општинските финансии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива