Избор Локална самоуправа Охрид

Се асфалтира во Долно Лакочереј и на улица „Прилепска“

Охрид, 9. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Согласно годишниот план за работа на Фондот за комунален развој  сообраќај и улици, општина Охрид започна со асфалтирање на улици и краци низ целата територија на Охрид.

Денеска се асфалтира уличка во селото Долно Лакочереј и крак од улицата „Прилепска“. Паралелно со оваа активност тече и проектот за пополнување ударни дупки и прекопи, во моментов се пополнуваат ударни дупки на улица „Богомилска“.

asfaltiraniulici_lakocerej_2018_4002

Наредниве денови ќе биде асфалтиран и крак од улица „Српница“. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид