Избор Охрид

Денес протести пред домовите на охридските пратеници што гласаа за уставните измени

Охрид, 10. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Граѓанската иницијатива „Македонија блокира“, денес во Охрид ќе организираат протести пред домовите на пратениците од Охрид кои гласаа за уставните измени.

Според најавите на Facebook од „Македонија блокира“, но и од другите организации кои им се приклучија, заедно со политичката партија Единствена Македонија, ќе биде организиран превоз до Охрид и од другите градови.

Ќе се протестира пред домовите на Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

– Очекуваме и повикуваме на масовно присуство оти влегуваме во финална битка за опстанок на македонската држава и македонскиот народ, порачаа од иницијативата.

Неодамна, сличен протест се одржа пред семејната куќа на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење