Избор Охрид Хроника

Во пожар изгоре возило во Охрид (Фото)

Охрид, 10. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Возило марка „Лада Нива“ се запали и изгоре ноќеска, нешто после 01:30 часот во Охрид.

Пожарот избувна на паркингот на зградата до Музичкото училиште „Методи Патчев“ и Историскиот архив. На лице место интервенираше екипа на охридската противпожарна единица, која успеа да го изгасне пожарот.

Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица, а е причинета поголема материјална штета.

До овој момент нема информации за причините кои довеле до опожарувањето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес