Економија Избор Охрид

Акција за поздравување: „Факти за Охрид“ со историчарот Никола Митровиќ – Бабе во охридските кафе барови и ресторани

Охрид, 12. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во дел од најелитните охридски кафе барови и ресторани во центарот на градот, деновиве, заедно со кафето ќе добиете и хартиен додаток со „Факти на Охрид“, креирани од страна на познатиот охридски историчар доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе.

– „Факти за Охрид“ преставува хартиен додаток со секое нарачеано кафе во кој има податоци за урбаната историја на градот Охрид. Податоци кои покрај едукацијата допринесуват за забава и дополнителна тенма на разговор. Така можете како податоци може да ги сретнете – Кога е откриен античкиот театар до кога е основано Супер радио, или кафе тераса „Аквариус“. Самата идеја е имплементирана во кафе тераса „Аквариус“, ресторан „Чун“, од утре почнува во „Куба Либре“ и одредени други урбани места. Самата акција е заштитена и ја има на два јазици македонски и англиски. Да допринесуваме за спознавање на нашиот убав Охрид, вели Митровиќ – Бабе за Супер радио и OhridPress.

Nikola Mitrovic 2Митровиќ – Бабе неодамна ексклузивно во емисијата „Диши длабоко“ на Супер радио откри интересни факти од урбаната историја на градот Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива