Избор Македонија

Спасовски: Се трага по Груевски, зошто судот не му одреди притвор?

Скопје, 13. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот премиер Никола Груевски, за кого е издадена национална потерница за отслужување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“, вчера бил баран во неговиот дом, а потрагата ќе продолжи на уште неколку локации.

Се спроведуваат и други мерки, како прегледи на возила, а зајакнато е полициското присуство на излезот од Скопје и на граничните премини.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по регионалната конференција „Справување со антисемитизмот и адресирање на безбедносните потреби на Еврејските заедници“ одговарајќи на новинарски прашања за тоа каде е поранешниот премиер, дали е во земјава и каде ја гледа одговорноста поради тоа што тој е во бегство.

Тој напомена дека вчера немало никаква опсада на политичка партија, ниту на кој било друг објект и додаде дека полицијата постапувала врз основа на наредба дадена според проценките за можните локации. Имало контроли во близина на седиштето на партијата.

Како дезинформации ги оцени тврдењата дека Груевски со недели го чуваат пред неговиот стан.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива