Избор Свет

Самитот за формализирање на договорот за Брегзит на 25 ноември

Брисел, 15. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, потврди утрово дека Европскиот совет за Брегзит ќе се одржи на 25 ноември, јави дописничката на МИА од Брисел.

Постигнатиот договор за напуштањето на Велика Британија на ЕУ, кој содржи речиси 600 страници, треба сега да биде разгледан од страна на земјите членки на Унијата, објасни Туск.

Во наредните денови амбасадорите ќе ги споделат гледиштата на земјите членки за договорот. Членките имаат 48 часа да го евалуираат договорот, а до четврток треба да завршат со оваа работа, порача Туск кој изрази надеж дека „нема да има премногу коментари“. Доколку не се случи „ништо вонредно“, Самитот за формализирање и финализирање на договорот за Брегзит ќе се одржи в недела наутро, на 25 ноември, изјави Туск.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива