Охрид, 18. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Доцна синоќа се случи сообраќајна незгода на патот Охрид-Свети Наум.
– Синоќа околу 22:30 часот се запалил во движење автомобил марка „Пежо“, во сопственост на 33-годишниот Ц.К. од Охрид, по што возилото излетало од патот, информираат од СВР Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повреди (изгореници) се здобил возачот, кој е пренесен во Општата болница Охрид. Извршен е увид на местото на настанот. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива