Избор Избор од Уредникот Охрид Хроника

Ноќеска повторно „настрада“ оградата кај „Охридска банка“

Охрид, 18. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска повторно е оштетена оградата на кружниот тек кај „Охридска банка“.

Причините кои доведоа до незгодата не се познати, но најверојатно оградата „настрада“ од некое возило кое ноќеска ја оштетило.

Од СВР Охрид до овој момент не излегоа со официјални информации за незгодата. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес