Избор Избор од Уредникот Охрид

OhridPress од денес со нов дизајн, модерен изглед и содржини

Охрид, 18. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Порталот OhridPress од денес со комплетно нов изглед. Редизајнираниот портал е производ на неколку месечна работа на модернизација на истиот, во интерес на нашите редовни посетители.

Промената е видлива на прв поглед и се надеваме дека, во комбинација со функционалноста, лесниот пристап и прилагоденоста за сите модерни платформи, ќе биде уште послесна за користење за сите наши почитувани читатели. Особено внимание е посветено порталот да биде лесно достапен од мобилните уреди и таблетите, што прави да биде супер атрактивен и лесен за користење.

Ова во комбинација со секогаш актуелните теми и содржините кои им ги нудиме на нашите читатели, ќе направат OhridPress да биде уште поблизок до посетителите.

OhridPress е меѓу првите локални портали во Охрид, кој од своите почетоци протежира специфични и секогаш атрактивни содржини за своите читатели, актуелни теми од градот, но и коментари, колумни, вести од културата, забавата, спортот итн.

Ви благодариме за довербата

Ваш OhridPress

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење