Избор Охрид

Се излизгаа камиони, во прекин сообраќајот на патот Ресен-Битола

Охрид, 18. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Два камиони се излизгаа и го блокираа патот Ресен-Битола, каде сообраќајот се одвива отежнато, поради снегот кој од ноќеска паѓа во овој дел на државата.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата, информираат од АМСМ.

Метеоролозите за денес најавуваат претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, особено во јужните и западните делови.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 7. степени.

– Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен, а во западните делови од источен правец, информираат од УХМР.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2019 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ResenNews