Избор Охрид Хроника

СВР Охрид со детали за сообраќајката кај „Охридска банка“

Охрид, 18. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, 20 минути по полноќ, на кружната крстосница на булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, се случи сообраќајна незгода во која учествуваше патнички автомобил марка „Голф“ со германски национални ознаки.

– Возилото со предната десна страна удрило во заштитната метална ограда на кружната крстосница. Возачот на возилото веднаш го напуштил местото на настанот. Тука, по овластување на Јавен обвинител, извршен е увид а по преземени мерки, автомобилот е пронајден во селото Подмолје. Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, презема дополнителни мерки за пронаоѓање на возачот кој го управувал возилото, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес