Економија Избор Македонија Охрид

Пробиен најдолгиот друмски тунел во Македонија

Охрид, 19. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – По четири и пол години пробиен е првиот од двата тунели под превојот Пресека на автопатот Кичево-Охрид, најдолгиот друмски тунел во земјава, со вкупна должина од 1996 метри.

Работите во изградбата на овие тунели ги изведува кинеската компанија „Синохидро“, која е и главен изведувач на целиот автопат.

Пробивањето на овој тунел го изведе кинеската компанија “Синохидро“, главниот изведувач на автопатот Кичево-Охрид, компанија која е целосно ангажирана и во пробивањето и на втората тунелска цевка под овој превој, која ако дозволи времето треба да биде пробиена во наредните неколку месеци.

Вкупната должина на двете тунелски цевки изнесува 4011 метри, при што левата тунелска цевка во правец кон Охрид е подолга за 15 метри.

Инаку тунелите под Пресека се првите што се пробиени на европскиот континент од страна на кинеската компанија „Синохидро“ и овие тунели се дипломска работа за кинеската компанија, која веќе е ангажирана и на нови проекти од овој вид, пред се во Србија, но и во и други земји.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива