Охрид Празници

Света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св. архангел Михаил“

Охрид, 19. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во среда, на 21-ви ноември, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св. архангел Михаил“.

На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење