Охрид Хроника

Охриѓанец повреден со нож во пределот на главата

Охрид, 19. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Доцна синоќа, околу 23:00 часот, се случило нарушување на јавниот ред и мир пред куќа на улицата „Андон Дуков“ во Охрид.

– 37-годишниот Ј.С. физички го нападнал 50-годишниот Н.А., двајцата од Охрид. Притоа, Ј.С. извадил нож и му нанесол телесна повреда на Н.А. во пределот на главата. Него му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, а Ј.С. е приведен и лишен од слобода. Кај него е пронајден и одземен метален нож. По целосно документирање на овој настан, против Ј.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива