ЕКОЛОГИЈА Избор од Уредникот Охрид

Рибата се гуши во каналот, забележани бројни мртви риби (Фото)

Охрид, 19. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридските еколози утрово алармираа дека во Студенчишкиот канал во Охрид плашицата се гуши поради недостаток на вода и кислород.

– Во каналот „Студенчишта“ утрово се случува она од што се плашевме сите. Плашицата умира поради недостаток на водата во Каналот. Еден дел од каналот кај „Билјанини Извори“ е побелен од мртва риба, а некои граѓани со кепчиња ја црпат плашицата од водата, напиша на својот профил на Facebook Трајче Талевски од Хидробиолошкиот институт во Охрид.

Image may contain: night, plant and outdoor

Image may contain: outdoor and water

Според еколозите, намалувањето на водостојот е поради тоа што поголеми врнежи од дожд не се регистрирани повеќе од три месеци. Според одредени проценки, во каналот во моментов има над 50 тони риба плашица.

Image may contain: plant, night, outdoor and nature

Image may contain: plant, night, outdoor and water

Општина Охрид неодамна испрати апел до одговорните на средување на проблемот со намалениот водостој на езерото.

– Како општина, апелираме до надлежните инситуции и ја апострофираме на сериозноста на проблемот со моменталниот водостој на Охридското Езеро, особено на делот на каналот „Студенчишта“. Проблемот ескалира веќе одреден период наназад, што резултираше со намален водостој во езерото и каналот, што може да има сериозни последици врз рибниот фонд. За да не дојде до евентуален помор на риби, особено во делот кај Студенчишкиот канал и поплитките делови на крајбрежјето на Охридското Езеро, веќе е испратен и соодветен допис до Министерството за транспорт и врски, од кои побаравме во рамките на нивните надлежности, да преземат соодветни мерки, со кои превентивно би се избегнале поголеми еколошки проблеми. Рибата поради нискиот водостој излегува на површина и наскоро може да се случи масовно да угинува поради недостаток на кислород. Во неколку наврати и еколозите побараа да се прекине со испуштање на вода од езерото. Тие потенцираат дека нема вода во „Билјанини извори“, а од пумпите на ЈП „Водовод“ нема дотур на свежа вода во каналот, што може да доведе до несакани последици, порачаа од Општина Охрид.

No automatic alt text available.

Охридското Езеро денес на кота од 693,24 мнв

Од општина Охрид додаваат дека за да се надмине оваа состојба, од ЈП „Водовод“ било побарано да се исклучат пумпите со кои се земам вода за пиење од каптажата „Билјанини Извори“ и истата да се пренасочи преку Хидробиолошки во каналот „Студечишта“ за дотур на свежа вода и за да се зголеми нивото на вода и количеството на кислород.

Метеоролозите најавуваат врнежи од дожд, под влијание на потопол влажен бран. Истите се очекуваат од денес кон крајот на денот, најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови.

– Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови каде локално ќе наврнат над 40 л/м2. Во среда пообилни врнежи се очекуваат во источните делови каде локално ќе бидат поројни, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес