ОБРАЗОВАНИЕ Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Оценката за Стојаноски и Лазаревска како просветни работници е недоволен (1)

Охрид, 26. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ ја понижи просветата, а образованието го девастира, оценката за Стојаноски и Лазаревска како просветни работници е недоволен (1), порачаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Оценката за Стојаноски и Лазаревска како просветни работници е недоволен (1). Ја понижија просветата, а образованието го девастираа. Градоначалникот Стојаноски за една година во образованието создаде голем хаос. Поради таквото несериозно и неспособно раководење МОН ја блокира сметката за исплата на средствата од блок дотациите. Дури после 6 месеци се реагира за тоа и на крајот од ноември ja известува Општината. Нема посветени наставници, мотивирани ученици и позитивни родители. Вака ли се мотивираше и наградуваше Лазаревска замислувајќи се просветен работник со најголеми партиски опструкции во образованието? Ова ли е европско образование и наставничка професија во 21 век? Граѓаните треба да знаат дека според Деловникот на Општината и член 34, став 1 од Статутот за контрола на законитоста на прописите кои ги носи советот дека задолжен е Градоначалникот. Додека за законитоста на предлог прописите кои доаѓаат на совет задолжени се предлагачите, реагираат од партијата.

Тие прашуваат – со какво лице признават дека донесувањето на одлуката е спротивна од Колективните договори за основно и средно образование, а се оградуваат дека за оваа грешка најмалку се одговорни токму главните партиски фукционери од СДСМ?

– Тоа што го трпат сите вработени во образованието не е грешка, ниту недоразбирање – туку вина која треба да повлече одговорност за недоследностите. СОНК и ДПИ да ги заштитат вработените во оброзаванието кои треба веднаш да ја добијат својата чесно заработена плата. Големиот борец Лазаревска зошто селективно реагира и се крие да одговори дека професорите од Академијата за филм веќе неколку месеци не добиваат плата, додека студентите се оставени без настава?
Едно зборуваа и правеа во опозиција, сега кога се на власт нема ништо од ветувањата, туку само празни зборови. Пародијата што ја направи СДСМ со образованието ќе добие неизбежна казна, казна од народот, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива