ЕКОЛОГИЈА Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридското Езеро на ниво од 693,30 мнв, 13 сантиметри над нултата кота

Охрид, 27. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Врнежите од дожд деновиве придонесоа водостојот на Охридското Езеро во моментов да се искачи над просечното ниво за месец ноември.

Според денешните мерења на УХМР, езерското ниво е на котата од 693,30 метри надморска височина, што е за 13 сантиметри над нултата кота и 4 сантиметри над просечното ниво за овој месец.

No automatic alt text available.

Надминување на лошата хидролошка состојба најавуваат и метеоролозите, од каде информираат дека времето денес ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 12. степени.

– Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места утре ќе бидат од снег, но со слаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови. Во четврток ќе биде студено со провејување на снег, а од петок се очекува разведрување, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес