ОБРАЗОВАНИЕ Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Општина Дебрца распиша конкурси за средношколски и студентски стипендии

Дебрца, 27. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Дебрца распиша конкурси за доделување стипендии за одлични ученици запишани во јавните и приватните средни училишта и за редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус.

Критериум за доделување на ученичките стипендии се остварениот успех и освоени награди на меѓународни/државни натпревари во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година. Висината на ученичката стипендија ќе биде 1.500 денари месечно, за девет месеци во текот на учебната 2018/2019 година.

Стипендиите за редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија ќе изнесуваат 2.500 денари месечно, за девет месеци во текот на академската 2018/2019 година.

Пријавата со потребните документи, кандидатите треба да ги достават најдоцна до 14-ти декември на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии. Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен најдоцна до 21-ви декември на интернет страницата на општина Дебрца.

Образец за поднесување молба за ученичка стипендија

Образец за поднесување молба за студентска стипендија

(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива