Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на Лабуништа со компромитирачки фотографии уценувал девојка да биде во љубовна врска со него

Струга, 27. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот А.Н. од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

– Во текот на 2018 година, пријавениот во повеќе наврати и` се заканувал на девојка од село во струшко, дека доколку не прифати да биде во љубовна врска со него, ќе објавел фотографии од неа со компромитирачка содржина, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива