Економија Избор ТОП ВЕСТИ

Полни со впечатоци, „Тамаро“ тимот ја заврши посетата на дел од најубавите европски земји (Фото)

Охрид, 27. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – По полни пет дена незаборавно патување, исполнето со многу насмевки и прекрасни спомени, попладнево пристигна групата од најдобрите вработени во охридските „Тамаро“ маркети, која изминативе денови беше на патување низ четири европски земји.

Со посебно брендиран автобус, како изненадување од менаџерскиот тим, тие ги посетија Будимпешта, Дрезден, Прага и Виена, како финале на овој дел од Мега-проектот „Тамаро Family“.

Image may contain: 5 people, people standing and outdoor

Image may contain: 7 people, people smiling, people sitting and indoor

Image may contain: one or more people, people standing and outdoor

– Посетивме четири европски градови во четири различни држави со организирани тури и професионален водич на секоја од дестинациите. Нашите вработените дознаа за богатата историја на овие градови и ги видоа најпознатите споменици, цркви и други историски знаменитости. Вечерите беа во чешки стил со чешки специјалитети. Имаше и организирана шоу програма со музика, глума и прекрасна храна и пијалоци. Една вечер бевме на крстарење со брод по реката В`лтава во Прага, под Карловиот мост. На бродот имавме свечена вечера, за време на која, бродот два часа пловеше по В`лтава. Ова беше ново и прекрасно искуство за најголемиот дел од вработените, кои беа едногласни дека овој прекрасен момент кој се најавуваше долго, стана вистинска реалност која заврши денес, но остави убави и незаборавни спомени. Секако, најсилна сега е уште поголемата доверба и меѓусебно зацврстените тимски односи помеѓу вработените во „Тамаро“, порачуваат дел од одговорните, кои со тимот беа на патувањето.

Image may contain: 9 people, people smiling, people sitting, table, food and indoor

Image may contain: 7 people, people smiling, people standing and outdoor

Наградата за вработените е дел од заложбите на менаџерскиот тим за максимално мотивирање на вработените, односно за оние кои вложуваат најмногу труд, кретивност и посветеност во работата.

– Преку најразлични проекти се трудиме високо мотивираните вработени соодветно да ги наградиме. Таков е проектот „Тамаро Family“, кој под слоганот „Еден маркет, едно семејство“ го крева овој исклучително важен сегмент во работата на нашата компанија на едно сосема ново ниво. Посветуваме особено внимание на мотивацијата на вработените. Како фирма која почнала со само еден маркет, главните менаџери на „Тамаро“ добро знаат дека мотивираните и високо-способни вработени се носечката сила на секоја модерна и динамична компанија. За таа цел, се организираат и бројни обуки, акции, посебни награди и тим билдинг активности, кои имаат за цел компанијата да функционира како едно семејство – „Тамаро Family“ и да се оправда слоганот дека „Тамаро“ е „Еден маркет, едно семејство“, велат од компанијата.

Image may contain: 1 person, standing, sky and outdoor

Image may contain: 9 people, people smiling, people sitting and indoor

Со сериозна и професионална работа годиниве наназад, охридските „Тамаро“ маркети се профилираа како водечки бренд во Охрид, а веќе имаат свој маркет и во соседна Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/Тамаро