Локална самоуправа

Во четврток втора форумска сесија од Форумот на заедници

Охрид, 27. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 29-ти ноември 2018 година, општина Охрид во рамки на втората компонента од проектот „Зајакнување на општинските совети” ја организира втората форумска сесија од Форумот на заедници.

Во рамки на оваа форумска сесија ќе бидат образложени и презентирани концептите за предлог проекти од областа на социјалната инклузија во општината, кои беа дефинирани во рамки на правата форумска сесија.

Концептите беа предложени и изработени од страна на седумте работни групи на Форумот на заедници, во кои има претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор.

Проектите кои ќе бидат избрани од страна на Форумот на зедници ќе бидат финансирани со средства од УНДП и Швајцарската амбасада во Република Македонија, со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци.

Втората форумска сесија ќе се одржува во Хотел „Ривиера“ со почеток во 14:00 часот. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење