Култура ТОП ВЕСТИ

Второ издание на „Наш Фестивал“

Охрид, 29. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на вториот „Наш Фестивал“, во охридскиот Центар за култура се предвидени неколку настани, кои ќе се одржат во текот на утрешниот ден.

– Според рпограмата ќе имаме модна ревија, куклен театар, ликовно катче, а ќе се одржи и презентација на традиционална храна и пијалоци и настап на фолклорни групи. Оваа активност е дел од „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival” кој е подржан во рамките на нашиот проект „Декада на припадност-Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење