Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Стружанец противправно одзел малолетничка од домот во Тетово

Струга, 30. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми ноември оваа година, во Полициската станица во Струга, 42-годишната Т.А. од Тетово, пријавила дека 18-годишниот Н.А. од Струга, противправно ја одзел нејзината малолетна ќерка од семејниот дом во Тетово.

– Според пријавата, настанот се случил во текот на октомври оваа година во домот на пријавителката, кога Н.А. го искористил нејзиното одсуство и ја земал малолетничката, по што заминале во неговиот дом во Струга. По преземени мерки во координација со Центар за социјални работи и по насоки на Јавен обвинител, малолетничката е пронајдена и предадена на нејзината мајка. Против Н.А. полициската станица од Струга ќе поднесе кривична пријава за одземање малолетник, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива