Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Тепачка во Струга, учествувале четири лица

Охрид, 30. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Доцна синоќа, околу 23:45 часот, на улицата „15-ти корпус“ во Струга се случи тепачка помеѓу четири лица од Струга.

– Во инцидентот учествувал 27-годишниот А.М. од една и лицата Г.М.(34), О.С.(35) и Л.Ч.(37) од друга страна, сите од Струга. Поради утврдена алкохолизираност, Л.Ч. е приведен во Секторот за внатрешни работи во Охрид, додека останатите лица се повикани на разговор во Полициската станица во Струга. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива