Локална самоуправа

Градоначалникот Стојаноски на отворањето на Државниот турнир во шах

Охрид, 30. ноември 2018 (ОХРИДПРЕ)С – Градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски денеска присуствуваше на отворањето на Државното првенство во шах за основни и средни училишта за 2018 година, што се одржа во просториите на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид.

Во присуство на градоначалникот, турнирот за отворен го прогласи советникот во Советoт на општина Охрид, Мишел Силјаноски.

Настанот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија, со поддршка од Шаховската Федерација на Македонија, Сојузот на училишен спорт на Охрид и Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид