Избор Свет ТОП ВЕСТИ

Почина поранешниот американски претседател George H. W. Bush

Вашингтон, 1. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот американски претседател George Bush постариот, почина во 94-та година од животот, потврди неговиот син, George W. Bush.

– Jeb, Neil, Marvin, Doro и јас со тага потврдуваме дека после 94 значајни години, почина нашиот татко. Беше човек со силен карактер и најдобриот татко кој син или ќерка можат да го имаат, соопшти George W. Bush.

George Bush постариот беше 41. претседател на САД, во перидот од 1989 до 1993 година. Во четири децении долгата кариера беше конгресмен, амбасадор во ОН и Кина, директор на CIA и потпретседател на САД во два мандати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење