Забава ТОП ВЕСТИ

Annie Lennox се враќа со нова песна после 8 години „Requiem for a Private War“

Лондон, 1. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Annie Lennox го издаде нејзиниот прв соло сингл по пауза од полни осум години. Се вика „Requiem for a Private War“ и е напишан за филмот „A Private War“.

Поранешната пејачка на бендот Eurythmics, неодамна во интервју објави дека авторот на филмот Matthew Heineman побарал од неа да напише песна за неговото најново дело. Филмот ја следи приказната на новинарката Marie Colvin, која беше убиена додека известувала од градот Хомс во Сирија во 2012 година.

Интересно е што Annie Lennox во интервјуто вели дека ја познавала Colvin и дека се сретнале пред нејзината смрт.

– За мене беше чест што бев поканета да работам на ваков проект. Не можам да кажам дека бевме пријатели, но се имавме сретнато. Сепак, ако таа денес беше овде, имам чувство, дека ќе кажеше дека оваа песна е достојна за неа, изјави пејачката. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива