Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе го ажурира членството во партијата

Охрид, 1. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Само рамо до рамо, сите заедно сплотени и единствени можеме да се спротивставиме над овие црнила што надвиснале над нас и нашата земја, порачаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Името, идентитетот, достоинството на македонскиот народ станаа предмет за тргување додека државата тоне во сите сфери на општественото живеење. Охриѓани се разочарани, загрижени за иднината поради политичките, економските и општествените црнила. Ни треба мобилизација затоа што сите делиме исти маки и проблеми. Затоа сите членови поддржувачи на ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ Ве повикуваме да го ажурирате своето членство во партијата во која ја делиме заедничката цел. Особено сакам да ги повикам сите неопределени граѓани и симпатизери да се зачленат и придружат во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ажурирањето започнува од денес, 1-ви декември секој ден од 18:00 до 21:00 часот во просториите на Општинскиот Комитет. ВМРО-ДПМНЕ е со народот и работи за народот. Заедно продолжуваме во борбата против антинародната власт на СДСМ. Секогаш ќе останеме на браникот на заштита на државните и национални интереси. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја порази оваа неспособна и криминална власт, порачаа од партијата на денешната прес конференција. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива