Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Инцидент пред казино во центарот на Охрид

Охрид, 1. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, околу 21:00 часот, пред казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, 50-годишниот А.Б. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир.

– Во видно алкохолизирана состојба, тој се обидел да влезе во објектот, што му било оневозможено од страна на работникот на обезбедување. Поради тоа, А.Б. почнал да вика на висот тон и непристојно да се однесува употребувајќи навредливи зборови кон него. Со цел да се спречи натамошниот тек на нарушувањето, А.Б. е приведен во Полициска станица, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива