Спорт

Роналдо одлучи: Ќе го бојкотира и доделувањето на „Златна топка“

Париз, 2. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кристијано Роналдо нема да ја уважи ни „Златна топка“.Португалецот нема да патува во понеделник во Париз на доделувањето на најголемата поединечни фудбалска награда, која ја освојуваше пет пати.

Италијанскиот Скај, како и шпанските медиуми тврдат дека Златна топка ќе му припадне на Лука Модриќ.

Роналдо годинава не беше ни во Монте Карло, на доделувањето на наградата на УЕФА, ни во Лондон, на свеченоста на ФИФА.

И двете награди ги освои Модриќ, кој најверојатно ќе ја земе и третата – најголема. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење