Охрид ТОП ВЕСТИ

Гостин од Малезија починал во хотел во Охрид

Охрид, 1. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Лекар од Итната медицинска помош денес во Полициската станица во Охрид пријавил дека во хотел во Охрид има починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за 68-годишниот С.Х.Б.Х. од Малезија, кој заедно со неговата сопруга во Охрид пристигнал на 30-ти ноември оваа година. Околу 01:00 часот му се влошила здравствената состојба, а по пристигнување на екипата од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба од Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на сопругата, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива