Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Утре Света архиерејска литургија во Каменско по повод празникот Пречиста

Охрид, 3. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Утре, 4-ти декември, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“.

Како што информираат од Дебарско – кичевската епархија, со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски, г. Тимотеј.

Почетокот на литургијата е од 08:45 часот. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење