Струга ТОП ВЕСТИ

Во Струга се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Струга, 3. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3-ти декември, Центарот за лица со попреченост „Порака Нова“ организира промоција на Иницијативата за социјално претпријатие за зајакнување на креативните вештини и вработувањето на луѓето со попреченост „Креативна дланка“.

Настанот ќе се одржи денеска од 11:00 до 13:00 часот, во Кафе Бар „Блоку“ на кејот на Црни Дрим во Струга.

– Ве покануваме да ја поддржите нашата иницијатива така што ќе присуствувате на нашето неформално дружење, информираат од „Порака Нова“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива