Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кај Лагадин фатен рибокрадец од Пештани

Охрид, 3. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, околу 18:30 часот, кај населбата „Лагадин“ во близина на Охрид, поради вршење незаконит риболов, приведен е 29-годишниот А.П. од охридското село Пештани.

– Приведувањето е извршено во момент кога тој, од метално кајче со кое пристигнал на брегот на Охридското Езеро, пренесувал пластична гајба со две рибарски мрежи и 95 парчиња риба – охридска белвица. Уловот е одземен и предаден во Хидробиолошкиот Завод од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес