Забава Избор од Уредникот Охрид ТОП ВЕСТИ

Групата Камелеон годинава прославува 20 години успешна кариера

Охрид, 3. декември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридската група Камелеон годиниве наназад прерасна во вистинска препознатливост за Охрид, а во чест на 20 години постоење, тие најавуваат голем концерт, во пресрет на празниците.

– Има многу бендови, но ретки се оние кои нивниот роден град, каде е и најтешко да се успее, ги примил како свои. Кога одите на нивна свирка, како да одите на гости кај добри пријатели. Годиниве наназад тие покажаа и докажаа дека може да се успее и со сопствена музика, може и со макотрпна работа, со откажување од многу, но не и од основните принципи на квалитетна музика, ноти и текстови, откинати длабоко од срцето, создадени од по некоја солза, од по некоја насмевка на убава девојка, од поддршката на пријателот, од убавините на Охрид, кој толку силно ги гушнал и ги примил во своите прегратки, порачуваат организаторите.

Додаваат дека пред Нова година ќе се одржи голем концерт, во чест на 20-годишнината од постоењето на групата Камелеон. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива