Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ На кафе со... Охрид ТОП ВЕСТИ

Танески: Публиката веднаш ја прифати и новата песна и промената на стилот

Охрид, 26. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот пејач Ѓоко Танески, откако викендов на Супер радио, ексклузивно и за прв пат во Македонија ја промовираше неговата нова песна „Една љубов имам“, вчера преку социјалните мрежи официјално го промовираше и спотот за неа.

Снимен е на неколку локации во Охрид, го работеше Даниел Јовески, а новата песна носи етно-поп стил, со фолк и џез примеси, правец кој во Македонија во последно станува се популарен, правец со кој Танески отвора ново поглавје во својата кариера.

– Сметав дека за пошироката јавност примамливо звучи овој стил и ме радува што изненадувачки позитивни реакции прстигнуваат од сите страни, а тоа е одличен позаказател дека публиката со леснотија ја прифати и песната и промената на стилот, рече Танески, кој беше денешен гостин во емсијата Radio Corner на Супер радио.

За новиот албум кој треба да излезе в година и екипата ќе стои зад него, за причините за промена на стилот, прочитајте повеќе во интервјуто за Супер радио и OhridPress.

Супер радио: Забележителен е пресвртот кој го правите во кариерата со песната „Една љубов имам“. Експериментиравте со неа или тоа ќе биде една нова фаза во Вашата кариера?

Танески: Луѓето кои лично ме знаат, знаат дека уживам понекогаш во кафеана да испејам и по некоја народна песна. Веќе долго време ја најавував соработката со Николче Мицески и искрено овој пресврт го очекував со нетрпение. Плановите ни се заеднички да сработиме цел албум, се разбира ако добиеме поддршка од спонзори, без кои не би можеле да се реализираат уметничките проекти. Во однос на поддршката на публиката верувам дека веќе ја имам, зошто од прво слушање песната наиде на одличен критики.

Супер радио: Кој се’ работеше на новата песна?

Танески: Музиката и аранжманот се на Николче Мисцески, текстот го напишав сам, со мала помош од семејството, сакам за тоа особено да им се заблагодарам на Мира, Невена и Петар, кои помагаа при модификациите на текстот. Песната ја снимивме во скопското студио „XL studio Momiroski“, студиото во кое Мицески најчесто снима.

Супер радио: Спотот официјално преку социјалните мрежи се промовирираше вчера. Љубовната приказна во него Охрид изгледа бајковито. Кој работеше на спотот?

Танески: На моја голема радост и задоволство, спотот го сработи Даниел Јовески, долго го чекав, но на крај сум презадоволен од тоа како излезе. Би сакал да се заблагодарам на поддршката од покровителите „Sky Corner“ „ASP“, „Eko Shap“, „Make up by Mery“ и сите оние кои на било кој начин ме поддржаа при реализацијата на песната и спотот. Спотот е сниман во Охрид на повеќе локации, би сакал да се заблагадарам и на Игор Кичеец, кој ни дозволи да снимаме во неговиот стан. Главните ликови ги толкуваат моделите Марис Жолен и Мартин Нацевски, девојката се има појавено во неколку спотови, а дечкото е нов во тие води.

Супер радио: Што се случи, се презаситивте од поп и поп-рок сцената, што беше причината за да побарате професионална реализација во поинаков жанр?

Танески: Премногу ја љубам и никогаш не може да ми здодее од поп-рок сцената. На настапите во живо вообичаено покрај моите песни, ги пејам и тие песни. Но, во моментов сметав дека за пошироката јавност попримамливо звучи овој стил, поп музика со етно, фолк и џез примеси. Ме радува што изненадувачки позитивни реакции прстигнуваат од сите страни, а тоа е одличен позаказател дека публиката со леснотија ја прифати и песната и промената на стилот.

Супер радио: „Една љубов имам“ е песна која го најавува Вашиот нов албум, кој со Никола Мицески планирате да го објавите следната година. Во која фаза сте со подготовката на материјалот за албумот и колку песни ќе содржи?

Танески: Во моментов работиме и при крај сме со следната песна, а планот ни е да ја објавиме после Нова година. Албумот планирано е да содржи 10-тина песни, а покрај авторската музика, на албумот ќе се најдат и уште две до три преработки на стари македонски песни. Стилот на албумот ќе го прати стилот на „Една љубов имам“, а ќе настојувам целиот да го сработиме со соработниците на Мицески.

Супер радио: Како главен вокал, бавте носител на проектот „NUMB – Tribute to Pink Floyd“, преку кој се случија два прекрасни концерти во Охрид, по еден во Скопје и Битола. Сето ова ќе мирува додека работите на материјалот за новиот албум или подготувате нешто ново и на овој план?

Танески: Не, да мирувам нема шанси, тоа ми прекрасен проект, а доколу има интерес со огромно задоволство повторно ќе го направиме. Во преговори сме, за сега има интерес од Србија и Хрватска, материјали се испратени и на еден фестивал во Германија. Следното лето ќе изненадиме со уште нешто, но во овој момент не би можел да откријам повеќе околу тоа.

Емисијата Radio Corner се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Sky Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука