Спорт

Роналдо најдобар во Серија А

Милано, 3. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Некаде во исто време кога во Париз Лионел Меси шести пат во кариерата ја доби „Златната топка“, во Милано Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар играч во Серија А, во сезоната 2018/2019.

Италијанците им ги доделија наградите на најдобрите во минатата сезона, а покрај Роналдо, лауреати се и Самир Хандановиќ (најдобар голман), Ганпјеро Гасперини (најдобар тренер) и Аталанта (најдобар клуб). Џанлука Роки ја доби наградата за најдобар судија.

Избран е и идеалниот тим за минатата сезона, во формарција 4-3-3 тој изгледа вака: Хандановиќ – Кансело, Кулибали, Кјелини, Коларов – Барела, Пјаниќ, Иличиќ – Роналдо, Кваљарела, Запата. (Крај)

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави