Спорт

НБА: Дебакл на Њујорк, Вориорс се последни во лигата (Видео)

Милвоки, 3. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Изминатата ноќ во НБА лигата победи забележаа екипите на Атланта, Финикс, Филалделфија, Милвоки, Индијана и Чикаго.

Милвоки Бакс ја забележаа најубедливата победа, тие ги совладаа Њујорк Никс со 132:88. Бакс имаат 18 поени предност по првата четвртина, а во третиот период разликата беше 41 поен во корист на Милвоки. Јанис Адетокумбо со 29 поени и 15 скока беше најдобар играч на натпреварот.

Финикс Санс победија во Шарлот 109:104. Играчите на Финикс во третиот период имаа предност од 20 поени, Хорнетс се вратија во мечот во последниот период но немаа ниту сили, ниту време за целосен пресврт. (Крај)

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука