Избор Спорт

Швајцарската сребрена монета од 20 франци ќе биде со ликот на Федерер

Базел, 3. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Тениската легенда Роџер Федерер ќе стане првиот жив човек со направена монета во негова чест – 20 франци со ликот на Маестро од јануари следната година.

Триесет и осумгодишниот тенисер, 20-кратен Гренд Слем шампион, многумина го сметаат за најголем во историјата на спортот и е национален херој на Швајцарија. „Свисминт“ потврди дека 55.000 од монетите, вклучително и Федерер кој изведува бекхенд, ќе бидат произведени и достапни за претпродажба на 19-ти декември.

– Спортските достигнувања на Роџер Федерер, неговите добротворни иницијативи, неговиот одличен карактер го поттикнаа „Свисминт“ да му ја посвети оваа сребрена монета од 20 франци – за прв пат тоа да се случи на жива личност – изјави портпаролот на „Свисминт“.

Резултат со слика за federer 20 franc

Во пресрет на големата побарувачка, „Свисминт“ сподели дека уште 40.000 би можеле да бидат пуштени во продажба во мај, додека златната паричка од 50 франци, која има различен дизајн, исто така, ќе се произведува во 2020 година.

„Благодарам, Швајцарија и „Свисминт“ за оваа неверојатна чест и привилегија“, напиша Федерер на Твитер.

Последната спортско-ориентирана комеморативна монета беше објавена во 2015 година и го слави Хорнусен – традиционален швајцарски спорт што го практикуваат земјоделците (мешавина меѓу голф и бејзбол. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави