Спорт

Наполи го „брка“ Анчелоти, веќе почнале преговори со Гатузо!

Милано, 4. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Џенаро Гатузо веќе бил контактиран од Наполи (но и од Фиорентина) за да биде замена на својот поранешен тренер Карло Анчелоти, кој според повеќе италијански извори ќе добие отказ на 10-ти декември по слабата форма и бунтот на фудбалерите на клубот од југот на Италија.

Според „Скај спорт Италија“, иднината на Анчелоти на „Сан Паоло“ е веќе одредена, и не се знае дали тој ќе биде отпуштен сега или секако до крајот на сезоната, а главен кандидат за негова замена е поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, кој според претседателот Аурелио ди Лаурентис има доволно „цврста рака“ да ги дисциплинира своите играчи.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави