Спорт

Првпат во историјата на НБА Европејци се играчи на месецот

Далас, 4. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Милвоки бакс и Далас маверикс, Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ, се прогласени за најдобри во своите конференции за месец ноември.

Гркот и Словенецот испишаа историјата во НБА бидејќи никогаш претходно не се случило во ист месец најдобри да бидат играчи од Европа.

Адетокумбо играше сјајно минатиот месец, на само еден меч не забележа дабл-дабл. „Фрик Грик“ во ноември просечно бележел по натпревар 30,9 поени, 13,4 скока, 5,9 асистенции, 1,5 украдени топки и 1,4 блокади.

Дончиќ во ноември во просек имаше 30,6 поени, 9,9 скока и 9,6 асистенции. (Крај)

извор: Топспорт фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави