Избор Култура

Првиот детски мјузикл „Песноден” вечерва пред охридската публика

Охрид, 4. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Првиот детски мјузикл „Песноден” од авторската екипа на 5+ Фамилија пред охридската публика.

„Песноден” ќе биде на редовниот кино репертоар во Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва од 20:00 часот, а влезниот билет е 100 денари.

„Песноден“ е музичка приказна раскажана низ стихови во која се зборува за еден празник – денот на песната, измислен од децата и станарите во стокатницата, а инспириран од нивната потреба да пеат, играат и да се радуваат.

– Toa e забавно-едукативна приказна посветена на детските игри, компромисот и сложното другарување. Уживавме во креативниот процес на продукција и многу сум радосна што наскоро децата ќе ги слушнат новите песни и ќе ги пеат, вели режисерката и сценаристка Сандра Ѓоргиева.

Идејата и концептот се на продуцентот Пеце Талески, а музички продуцент е Мите Димовски, студио „Тра-ла-ла“. Актерската екипа ѝ е добро позната на детската публика, тоа се нивните омилени: Лина, Петко, Комшо, Марија, Комшито, дедо Менде и тетка Душка, но и нови ликови и нови станари кои се дел од новата сезона на 5+ Фамилија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави