Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Охридската библиотека се вклучува во одбележувањето на Св. Климент Охридски

Охрид, 4. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – И охридската библиотека „Григор Прличев“ се вклучува во одбележувањето на празникот посветен на Патронот на Охрид, Св. Климент Охридски. 

В петок, 6-ти декември, од 12:00 часот во Прличевата одаја пригодна реч за Св. Климент Охридски ќе одржи професот Татјана Дурнева, по што ќе следи фото презентација „Св. Климент Охридски и Охрид“, ќе има изложба на книги посветени на словенската писменост „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“, а ќе биде промовирана и трилогијата за Охрид (книги со фотографии од градот од минатото до денес) со осврт на последната „Охрид, враќање во минатото“ од Академик Миле Миќуновиќ. Во рамки на свеченостите, писателот Коста Фортомар од Охрид ќе биде прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Настанот ќе биде збогатен со настап на учениците од ОМУ „Методи Патче“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави