ЕКОЛОГИЈА Избор ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Бротчето „Лихнида“ потона во каналот „Студенчишта“

Охрид, 4. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бродот „Лихнида“ потона во каналот „Студенчишта“, а дел од горивото заврши во вода.

На местото на настанот излегоа екипи на охридската Капетанија, кои најавија извлекување на бротчето.

Капетанот Горан Устијаноски потенцира дека заедно со општината ќе бараат начин дотраените пловни објекти да бидат отстранети, а ги потсети и самите сопственици да водат грижа за сопствените пловила.

Бротчето „Охрид” кое беше преименувано во „Лихнида” е старо повеќе децении, а подолго време е укотвено во Студенчишкиот канал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави