Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривични за четири лица поради малверзации при купопродажба на возило

Струга, 4. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против Г.М.(46) и Х.Ф.(47), двајцата од Гостивар, како и против Л.К.(43) од Струга и Р.А.(56) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

– Првопријавениот, изготвил лажна исправа – странски купопродажен договор за продажба на патничко возило марка „Мерцедес“ и го фалсификувал потписот на продавачот со лажен датум. Второпријавениот, иако знаел дека договорот е лажен, го потпишал и го заверил на нотар, а третопријавениот на сопственикот на возилото му обезбедил хомологација и целосна документација. Четвртопријавениот, иако знаел дека се работи за фалсификувани документите, ги употребил при регистрација на возилото во царинска испостава и во Управните служби во Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави